Проекции: 27.09.2011 (вторник), 20 часот
20 години филм во независна Македонија
Влезот е бесплатен.
„Филм“
Станува збор за експериментален, авторски филм, во кој нема дијалози, а
дејствието го раскажува наратор. Главниот лик во филмот е самиот режисер
Иво Трајков, кој на еден грубо-хумористичен – или поточно – на еден
саркастично-циничен начин, го отсликува својот став кон снимањето
филмови. Ова експериментално дело може да се протолкува и како некаков
„превртен“ прирачник за правење филмови. Филмот, покрај тоа што ги
истражува границите околу креативната реалност и филмската фикција,
разработува и многу други есенцијални теми на човековото живеење:
љубовта, верата, творештвото, егзистенцијата, итн...
Филм
игран филм / 84 минути / 2007 година / колор / 35 мм.
Република Македонија
Режија: Иво Трајков
Сценарио: Иво Трајков
Директор на фотографија: Михал Черни
Главни улоги: Карел Зима, Мадла Зимова, Иво Трајков, Мирослав Таборски, Верица Недевска
0 comments:
Post a Comment