Блогот Кинотека е неофицијално огледало на филмската програма на Кинотеката на Македонија и, понекогаш, на некои други филмски настани.

ЕХО Фестивал на планински филмови, 16.09.2011 (петок), 17.30 часот

Проекции: 16.09.2011 (четврток), 17.30 часот

„Ехо од Банско“ 2011 - Фестивал на филмови посветени на алпинизмот

Влезот е слободен.

17.30 - 18.00 часот
Skye Wall (E8, 6b)

2008 година / 22 минути
Велика Британија
Режија: Алистер Ли

За филмот: Во потрага по насоката од соништата, Дејв Биркет качува во карпите на масивот Килин на островот Скај во Шкотска.

18.00 - 18.51 часот
„Светот на Гастон Ребуфa“
/ Le Monde de Gaston Rebuffat
2010 година / 51 минута
Франција
Режија: Жил Шапа, Денис Стајнберг

За филмот: Филмски портрет на еден од најголемите алпинисти во XX век и еден од најталентираните писатели на планинска тема во историјата.

Пауза 10 минути

19.00 - 20.40 часот
„Монт Сент Елајас“
/ Mount St. Elias
2009 година / 100 минути
Австрија
Режија: Гералд Салмина

За филмот: Портрет и сеќавање на Петер Ресман кој загина по 25-метарски пад во планините во Австрија. Тој беше еден од најголемите екстремни скијачи на нашето време. Филмот раскажува за една од неговите најголеми авантури во Алјаска.

Пауза 10 минути
20.50 - 22.00 часот
25-годишнина од македонската алпинистичка хималајска експедиција на Манаслу (8156 м)
одржана во 1986 година. Потсетување на експедицијата преку фотографии.
Презентацијата ќе ја води водачот на експедицијата, Јован Попоски.

0 comments:

 
Кинотека. Design by Wpthemedesigner. Converted To Blogger Template By Anshul Tested by Blogger Templates.