Блогот Кинотека е неофицијално огледало на филмската програма на Кинотеката на Македонија и, понекогаш, на некои други филмски настани.

„Сончеви понеделници"

Проекции: 13 jуни (понеделник), 20.00 часот

 

2001: луѓе без работа, во сиромашниот град Виго. Шестмина кои работат во бродоградилиште се избркани. Времето го минуваат во кафеана која ја отворил еден од нив откако градилиштето било затворено. Нивната иднина е различна: Рико има кафеана и 15-годишна ќерка, Рена е чувар и морализатор, Лино постојано бара работа, Амадор многу пие и зборува за враќањето на жена му; Хозе е оженет за Ана, работи во фабрика за конзерви и е преморен од тоа; Санта, совеста на друштвото и проблематичен тип, кој фантазира да замине за Австралија.


 

Los lunes al sol / Mondays in the Sun

игран филм / 2002 година / 113 минути / колор / ДВД
Шпанија / Франција / Италија

Режија: Фернандо Леон де Араноа
Сценарио: Фернандо Леон де Араноа, Игнасио дел Морал
Улоги: Хавиер Бардем, Луис Тосар, Хосе Анхел Егидо, ...


0 comments:

 
Кинотека. Design by Wpthemedesigner. Converted To Blogger Template By Anshul Tested by Blogger Templates.