Проекции: 1 мај (недела), 20.00 часот
Седум урбани приказни независни една од друга, приказни за млади луѓе и нивниот стремеж да си го најдат местото во современото општество. Документаристички третирани, сториите можат и одвоено да се следат, како независни видеа на Јутјуб. Сексуалната слобода и неинхибираноста, амбициите, насилството, дискриминацијата, забавата, зависностите, надежите за иднината – сето тоа им е во главата на младите луѓе.
Papírrepülők/ Paper Planes
игран филм/ 35мм/ колор/ 94‘
Унгарија/ 2009 година
Режија и сценарио: Симон Сабо (Simon Szabó)
Улоги: Симон Сабо, Вилмош Чатлош, Ештер Боди, Нора Хорич, Иштван Знаменак
0 comments:
Post a Comment