Блогот Кинотека е неофицијално огледало на филмската програма на Кинотеката на Македонија и, понекогаш, на некои други филмски настани.

„Револвер“ – ново германско кино

Од 8 до 11 април, во Кинотеката на Македонија ќе се случуваат филмски проекции и дискусии со филмски работници и претставници на уредничкиот одбор на германскиот филмски магазин „Револвер“.


„Револвер“ е филмско списание кое се објавува двапати годишно и претставува претежно долги интервјуа на уредниците со режисери, техничари, глумци и филмски посредници. Овие разговори делумно се настанати при средбите „Револвер во живо!“, кои се одвиваат пред публика или преку индивидуални интервјуа. Главното прашање произлегува од „теоријата на праксата": интервјуираниот e на исто рамниште, не станува збор за толкување или интерпретација на неговата работа, туку за неговиот начин на работа, неговите патишта и неговата филозофија.


Основанo во 1998 година од Кристоф Хохојзлер, Бенјамин Хајзенберг и Јенс Бернер, „Револвер“ брои зад себе 23 изданија. Од студентска иницијатива прерасна во институција на германската филмографија. Денес, уредници-помошници се и Николас Вакербарт, Франц Милер и Заскија Валкер, кои и самите се режисери. Како соработници во уредништвото на списанието учествуваат и филмскиот куратор Ханес Бривилер и сценаристот Маркус Зајберт.

0 comments:

 
Кинотека. Design by Wpthemedesigner. Converted To Blogger Template By Anshul Tested by Blogger Templates.