Блогот Кинотека е неофицијално огледало на филмската програма на Кинотеката на Македонија и, понекогаш, на некои други филмски настани.

„Осум и половина“

Проекции: 20 и 22 февруари (недела, вторник), 20.00 часот

Еден од најличните филмови на Фелини, „Осум и половина“ е приказна за агонијата при создавањето на едно филмско дело. Мастројани е филмски режисер, оптоварен со обемната продукција со која се зафатил и нестрпливоста на поранешните соработници кои упорно бараат ангажмани од него. Тоа му ја намалува креативноста, па за да дојде до нови идеи почнува да размислува за најзначајните моменти од својот живот и на жените што некогаш ги љубел.



игран филм/ црно-бел/ 16мм/ 138’

Режија: Федерико Фелини
Сценарио: (Енио Флајано, Тулио Пињели, Федерико Фелини, Брунело Ронди
Улоги: Марчело Мастројани, Анук Аме, Клаудија Кардинале

0 comments:

 
Кинотека. Design by Wpthemedesigner. Converted To Blogger Template By Anshul Tested by Blogger Templates.