Проекции: 9 и 10 февруари (среда, четврток), 20.00 часот
Режисерско деби на Дејвид Мамет е студија на карактери исполнета со пресврти и изненадувања. Познатиот психолог Маргарет Форд ќе се обиде да му помогне на еден од своите пациени да се реши од коцкарскиот долг така што ќе се соочи со организаторот на покерски игри. Тој, пак, ќе ја убеди да му асистира во играта, односно да ги „чита“ знаците што ги оддаваат неговите противници. Она што отпрвин ќе ѝ се види едноставно, ќе се покаже како прилично сложена задача.
House of Games
игран филм/ 35мм/ колор/ 102`
САД/ 1987 година
Режија: Дејвид Мамет
Сценарио: Дејвид Мамет, Џонатан Кац
Улоги: Линдзи Краус, Џо Монтења, Мајк Нусбаум
0 comments:
Post a Comment