Проекции: 28 јануари (петок), 20 часот
Оваа психолошка драма за стареењето и соочувањето со минатото претставува адаптација на автобиографското дело на поетот Франтишек Хрубин.
Еден педесетгодишник се враќа во селото каде ја минал младоста и решава да ја побара својата поранешна љубов. Мора да преноќи во домот на своите роднини, но нивните секојдневни грижи му ја рушат идеалистичката слика што ја има за животот. Му навираат спомени, а некои од нив наликуваат на лош сон.
Zlatá reneta / Golden Queen
игран филм/ 35 мм/ црно-бел/ 90`
Чехословачка/ 1965 година
Режија: Отакар Вавра
Сценарио: Франтишек Хрубин, Отакар Вавра
Директор на фотографија: Андреј Барла
Улоги: Карел Хогер, Славка Будинова, Ева Лиманова, Иља Прахар, Вера Тичанкова
0 comments:
Post a Comment