Проекции: 30 и 31 јануари (недела, понеделник), 20 часот
Средовечниот Џулио се смета себеси за слободоумен човек во однос на брачните односи се’ додека не ја ожени 17-годишната Винченза. Бракот со младата и привлечна невеста го претвора во неразумно љубоморен сопруг, кој постојано стравува дека ќе биде изневерен. Кога ќе се посоменва дека сопругата го мами со младиот полицаец, ја исфрла од домот во кој дотогаш живееле. Годините минуваат, а Џулио сфаќа дека направил грешка.
Romanzo popolare
игран филм/ 35мм/ колор/ 105`
Италија/Франција/ 1974 година
Режија: Марио Моничели (Mario Monicelli)
Сценарио: Аџеноре Инкрочи, Фурио Скарпели
Директор на фотографија: Луиџи Кувеилер
Улоги: Уго Тоњаци, Орнела Мути, Микеле Плачидо, Винчензо Крочити, Гаетано Куомо
0 comments:
Post a Comment