Блогот Кинотека е неофицијално огледало на филмската програма на Кинотеката на Македонија и, понекогаш, на некои други филмски настани.

„Слепи љубови“ – специјализирана проекција за лица со оштетен вид

Проекција: 10 декември (петок), 18.00 часот

По повод Меѓународниот ден на човековите права (10 декември), тимот на фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“ и Кинотеката на Македонија ќе организираат специјализирана проекција за лицата со оштетен вид. Во оваа прилика ќе биде прикажан филмот „Слепи љубови“ со почеток во 18.00 часот. Филмската проекција ќе биде придружена со нарацијата на Владо Галевски, а улогите на заљубените во филмот ќе ги интерпретираат двајца наши актери. Поканети се и сите лица без оштетен вид кои, доколку сакаат, ќе имаат можност да го доживеат филмот малку поинаку така што ќе стават превез преку очите.



Кратка содржина:
Иако актерите се слепи, оваа непретенциозна, шармантна и убаво спакувана приказна покажува дека „љубовта не е слепа“. Всушност, филмот е микс од фикција и документарец. Топлината и човечноста со кои зрачи ова нискобуџетно дебитансткото остварување на режисерот Јурај Лехотски беа наградени на сите шест фестивали на кои учествувал филмот, и тоа со главните награди. Меѓу нив се вбројува и наградата „Арт Синема“ на Канскиот филмски фестивал во 2008 година.



Blind Loves
Документарен филм/ колор/ ДВД/ 77`
Франција/ 2008 година

Режија: Јурај Лехотски
Сценарио: Јурај Лехотски, Марек Лесчак

0 comments:

 
Кинотека. Design by Wpthemedesigner. Converted To Blogger Template By Anshul Tested by Blogger Templates.