По повод 27 октомври, Светскиот ден на аудиовизуелното наследство на УНЕСКО, во Кинотеката на Македонија ќе се одржи конференција за печат со почеток во 11 часот. Притоа, македонскиот режисер Митко Панов ќе го депонира својот личен филмски фонд во целост, вклучувајќи го и филмот „Со кренати раце“, кој е добитник на Златната палма во Кан. По завршувањето на конференцијата за печатот, ќе биде прикажан избор на кратки филмови на Митко Панов.
Мотото под кое се одбележува овогодишниот Светски ден на аудиовизуелното наследство е „Прибирањето како значаен сегмент во заштитата на аудиовизуелното наследство“. Се надеваме дека заеднички ќе го одбележиме празникот на Кинотеката и ќе придонесеме да се зголеми општествената свест за значењето на аудиовизуелното богатство.
Вечерта во 20 часот во Кинотеката на Македонија ќе биде прикажан филмот „Војната заврши“ во режија на Митко Панов.
По проекцијата ќе биде претставена дел од екипата, а авторот на филмот ќе одговара на прашањата од публиката.
На 28 и 29 октомври ќе биде прикажана селекција на кратки филмови на Митко Панов меѓу кои ќе се најдат и „Со кренати раце“, „Ливада“ и „Бериќет“.
0 comments:
Post a Comment