Блогот Кинотека е неофицијално огледало на филмската програма на Кинотеката на Македонија и, понекогаш, на некои други филмски настани.

„Соба и половина или сентиментално патување во татковината“, 21 септември (вторник), 20 часот

Филмов е фиктивно истражување на животот на прогонетиот руски поет со еврејско потекло и нобеловец Јосиф Бродски. Подостарениот Бродски живее во егзил во Америка и буден сонува да се врати во татковината (иако никогаш нема)...



Poltory komnaty ili sentimentalnoe puteshestvie na rodinu
ДВД/ колор/ 130`
2009 година

Режисер: Андреј Хржановскиј
Сценарио: Јуриј Арабов, Андреј Хржановскиј
Улоги: Алиса Фрејндлих, Сергеј Јурскиј, Григориј Дитјатковскиј, Евгениј Оганџањан, Артјом Смола, Борис Шитников

Андреј Јурјевич е познат советски и руски аниматор, cценарист и предавач. Роден е во Москва на 30 ноември 1939 година. Во 1962 година дипломира на Серускиот државен универзитет за кинематографија (студио на Л.Кулешов). Тогаш почнал да работи во студиото „Сојузмултфилм”. Денес тој е предавач на Серускиот државен универзитет за кинематографија и шеф на катедрата по режија на анимиран филм. Добиени признанија: Заслужен уметнички работник на Русија, понатаму лауреат на Државната награда на Русија, лауреат на XI Меѓународен фестивал на филмови за деца и млади во Хихон (Шпанија), награда за анимиран филм “Пеперутка” (1973 год.).

0 comments:

 
Кинотека. Design by Wpthemedesigner. Converted To Blogger Template By Anshul Tested by Blogger Templates.