Блогот Кинотека е неофицијално огледало на филмската програма на Кинотеката на Македонија и, понекогаш, на некои други филмски настани.

„Работи кои не сум ти ги кажала“, 07.10.2011 (петок), 20 часот

Проекции:  07.10.2011 (петок), 20 часот.

„Работи кои не сум ти ги кажала“

Момчето ја напушта Ана преку телефонски повик и таа стигнува до самоубиство, но сфаќа дека и' треба помош и се јавува за да добие совет. Така воспоставува контакт со Дон, човекoт кој работи на линијата за помош пружајќи надеж на луѓе кои имаат потреба од тоа. Таа нему му се допаѓа. Додека Дон пробува да ја придобие, Ана испраќа видео записи до своето поранешно момче, но истите се украдени од поштарот кој е тајно затрескан во неа...


Cosas que nunca te dije /  Things I never told you
игран филм / 1996 година / 93 минути / колор / ДВД
Шпанија / САД

Режија: Изабел Коишет 
Сценарио: Изабел Коишет 
Главни улоги: Ендрју Мекарти, Лили Тејлор, Пеги Вест, Лесли Ман, Деби Мазар 

„Војниците oд Саламина“, 06.10.2011 (четврток), 20 часот

Проекции:  06.10.2011 (четврток), 20 часот

„Војниците oд Саламина“

Кога Лола Санчез, професор и писател, почнува да пишува колумна за Шпанската граѓанска војна во еден весник, започнува да истражува и за првпат открива за случајот околу убивањето на Рафаел Санчез Мазас. Лола ја има загубено нејзината страст за пишување, но информациите за Рафаел, основач на фашистичката партија „Шпанска фаланга“ и советник на Хозе Антонио Примо де Ривера, и' стануваат интересни. Таа одлучува да напише книга за историскиот настан во кој по победата на левичарите и забранувањето на Фалангата, Рафаел го избегнува стрелањето и е спасен од непознат војник, чиј идентитет таа се труди да го открие. Лола дознава за поранешниот војник и херој Мирајес, во есејот на еден од нејзините студенти и се опседнува со помислата да го пронајде и да открие дали е поврзан со настанот којшто го истражува...


Војниците oд Саламина
игран филм / 2003 / 119 минути / колор / ДВД
Шпанија

Режија: Давид Труеба
Сценарио: Давид Труеба, Хавиер Серкас
Главни улоги: Адријана Гил, Рамон Фонтсере, Жоан Далмо, Марија Бото, Диего Луна

Откажана е проекцијата на „Панкот не е мртов“, 05.10.2011 (среда)

Проекции: 05.10.2011 (среда), 20 часот

20 години филм во независна Македонија

Влезот е бесплатен.

„Панкот не е мртов“

Мирза е скопски панкер, аутсајдер дури и на средни години, кој во својот круг на пријатели и познаници живее на стара слава, а приватно преживува како ќе стигне. Сè што посакува е повторно да настапува со својот панк-бенд, распаднат уште пред повеќе од 15 години. За да настапи во рамките на еден сомнителен мулти-културен настан во Дебар, тој решава да го собере бендот и заедно со својата поранешна девојка заминува по новосоздадените балкански држави за да стапи во контакт со поранешните членови. За него, а и за останатите во групата – панкот не е мртов!


Панкот не е мртов
игран филм / 104 минути / 2011 година / колор / 35 мм.
Република Македонија

Режија: Владимир Блажевски
Сценарио: Владимир Блажевски
Директор на фотографија: Димо Попов
Главни улоги: Јордан Симонов, Тони Михајловски, Камка Тоциновски, Џевдет Јашари, Кирил Поп Христов

„Ова не е американски филм“, 04.11.2011 (вторник), 20 часот

Проекции: 04.11.2011 (вторник), 20 часот

20 години филм во независна Македонија

Влезот е бесплатен.

„Ова не е американски филм“

Секојдневието на една банда ситни криминалци е доста тривијално – деновите, претежно, ги минуваат по кафулиња, раскажувајќи си американски филмови. Некои од нив имаат развиено и посебни моќи: Шефот може да делува крајот на сцената да се заврши со фејдаут, Малиот може да ја изрецитира било која позната филмска реплика, Ќелавиот може да го прекине секој кадар. Тие веруваат дека го диктираат правецот во кој тече „филмот во кој живеат“. Кога Шефот ќе разбере дека е смртно болен, ќе се обиде да ја „преработи приказната“ на филмот во кој живее, а во тоа му помага една млада жена која студирала во САД. За да стекне поголема слава и почит кај колегите криминалци, таа дури и ќе му предложи со помош на специјални ефекти да му овозможи нему и на неговата банда да провалат во Американската амбасада во Скопје...

Oва не е американски филм
игран филм / 86 минути / 2011 година / колор / HD-видео
Република Македонија

Режија: Сашо Павловски
Сценарио: Сашо Миленковски, Павел Јех
Директор на фотографија: Дејан Димески
Главни улоги: Сенко Велинов, Тања Мицков, Славиша Кајевски, Никола Ристановски, Кај Еванс

„Мајки“, 02.10.2011 (недела), 20 часот

Проекции: 02.10.2011 (недела), 20 часот 

20 години филм во независна Македонија

Влезот е бесплатен.

„Мајки“

Три приказни – две играни и една документарна – тематски се поврзани низ сирова „документарна“ фикција и вистински документарен пристап. Во првата, две деветгодишни девојчиња пријавуваат манијак во полиција иако воопшто не го виделе. Потоа, тројца филмаџии ги среќаваат единствените жители на едно напуштено село – остарени брат и сестра кои веќе 16 години немаат проговорено еден со друг. И, во последната, пензионирани хигиеничарки се пронајдени силувани и задавени во провинција. „Документарната“ фикција на првите две приказни се претвора во документарец за серискиот убиец – новинарот Владо Таневски од Кичево, и за неговите жртви. Филмот ги поставува прашањата за вистината и за природата на вистината, како и за тоа како мајките се поврзани со приказната во сите три дела.

Мајки
документарен филм / 123 минути / 2010 година / колор / 35 мм.
Република Македонија

Режија: Милчо Манчевски
Сценарио: Милчо Манчевски
Директор на фотографија: Владимир Самоиловски
Главни улоги: Ана Стојановска, Ратка Радмановиќ. Димитар Ѓорѓиевски, Салаетин Билал, Владимир Јачев
 
Кинотека. Design by Wpthemedesigner. Converted To Blogger Template By Anshul Tested by Blogger Templates.