Блогот Кинотека е неофицијално огледало на филмската програма на Кинотеката на Македонија и, понекогаш, на некои други филмски настани.

„Менхетен“, 05.07.2011 (вторник), 20 часот

Проекции: 05.07.2011 (вторник), 20 часот
Скопско лето 2011: Незаборавни актери

„Менхетен“


Исак има 42 години. Разведен. Неговата поранешна жена Џил сега живее со друга жена, Кони, и таа пишува книга во која ќе открие некои непријатни моменти од нивниот интимен живот. Исак има врска со 17-годишната Трејси, кога ја запознава љубовницата на неговиот најдобар другар Јеил кој е женет со Емили.
Вуди Ален во најдобрата форма: глуми, пишува, режира. Неговиот оригинален актерски талент го надополнува неговата содружничка од раниот период Дајен Китон. Филмски тандем рамен на Станлио и Олио, Бата и Дворник и слично.


Маnhattan
игран филм / 1979 година / 96 минути / 35 мм
САД

Режија: Вуди Ален
Сценаристи: Вуди Ален, Маршал Брикман
Актери: Вуди Ален, Дајен Китон, Мариел Хемингвеј

„Се' што е запишано останува“, 04.07.2011 (понеделник), 20 часот

Проекции: 04.07.2011 (понеделник), 20 часот
Скопско лето 2011: Незаборавни актери

„Сe' што e запишано останува“


Карлос и Соланж се знаат од детството. Се венчаат после кратко забавување. На нивната прва брачна ноќ Соланж одбива да води љубов со Карлос. На почетокот се жали, а потоа во бес ја силува...
Извонредна актерска улога на јужноамерикаската убавица Соња Брага, која после овој филм направи и кариера во Холивуд.



A Dama do Lotacao
игран филм / 90 минути / 1982 година / 35 мм
Бразил


Режија: Невил Далмеида
Сценарио: Невил Далмеида 
Актери: Соња Брага, Јара Армал, Клаудио Марцо 


„Да се биде Џон Малкович“, 03.07.2011 (недела), 20 часот

Проекции: 03.07.2011 (нeдела), 20 часот
Скопско лето 2011: Незаборавни актери

„Да се биде Џон Малкович“

Крег е куклар. Почнува да работи во канцеларија со ниски тавани во Менхетн.
Случајно открива портал кој води во главата на еден славен актер: Џон
Малкович.
Филм кој претставуваше пресвртница во кариерите на Чарли Кауфман и Спајк
Џонз и ги претвори во новата креативна сила на Холивуд.
Џон Кјузак се потврдува како еден од омилените американски актери кој има
што да понуди во различни жанрови, а истото тоа може да се каже и за Камерон
Дијаз.





Being John Malkovich
игран филм / 112 минути / 1999 година / 35 мм
САД

Режија: Спајк Џонз
Writer: Чарли Кауфман
Актери: Џон Кјузак, Камерон Дијаз, Кетрин Кинер









„Претседател“, 02.07.2011 (сабота), 20 часот

Проекции: 02.07.2011 (сабота), 20 часот
Скопско лето: Незаборавни актери

„Претседател“

Воениот ветеран Јегор Трубников (Михаил Уљанов) се враќа во родното село за
да ја подобри од војната разурнатата економија. Тоа е тешка задача.
Читателите на „Советски екран“ го избираат Уљанов за најдобар актер во 1965
година, а филмот е прогласен за филм на годината.
Михаил Уљанов е еден од најдобрите руски актери и режисери, но исто така и
значајна фигура во политичкиот советски живот. Член на Централниот комитет
на КП, како и директор на Театарот Вахтанагов во Москва.






Predsedatel
игран филм / 166 минути / 1964 година / 35 мм
СССР

Режија: Алексеј Салтиков 
Сценарио: Јуриј Нагибин
Актери: Михаил Уљанов, Иван Лапиков, Нона Мордјукова









„Оркански висови“, 01.07.2011 (петок), 20 часот

Проекции: 01.07.2011 (петок), 20.00 часот
Скопско лето 2011: Незаборавни актери

„Оркански висови“

Приказна за несреќната љубов помеѓу Хитклиф и Кети, кои и покрај длабоката приврзаност, поради несреќните околности и предрасудите се осудени да живеат одвоено.
Филм на класикот на филмската режија Вилијам Вајлер според сценариото на Бен Хечт (еден од најпознатите и најквалитетни сценаристи на Холивуд), а врз основа на романот на Емили Бронте. Филм во кој доминира англиската актерска школа со големите англиски актери: Мерл Оберон, Лоренс Оливие и Дејвид Нивен.

 
Wuthering Heights
игран филм / 1939 година / 104 минути / црно-бел / 35мм
САД
 
Режија: Вилијам Вајлер

Сценарио: Чарлс Мекартур, Бен Хечт
Актери: Мерл Оберон, Лоренс Оливие, Дејвид Нивен 
 
Кинотека. Design by Wpthemedesigner. Converted To Blogger Template By Anshul Tested by Blogger Templates.