Блогот Кинотека е неофицијално огледало на филмската програма на Кинотеката на Македонија и, понекогаш, на некои други филмски настани.

7915 КМ - 07.06.2011 во 20h

Секој јануари, милиони гледачи ширум светот преку тв-екраните го следат најпознатото рели на светот во кое мотоцикли, автомобили и камиони, со помош на своите професионални тимови и спонзори, се тркаат преку пустината и низ градовите на пет африкански држави, за да пристигнат до целта – Дакар во Сенегал. Но, покрај натпреварувачката рута се одвиваат сосем други животи, африкански приказни непознати и невидливи за очите на јавноста.



(7915 KM: On the Tracks of the Rallye to Dakar)

документарен филм, Австрија
2008, 100 мин., колор, 35mm

Режија и фотографија: Николас Гејрхалтер (Nikolaus Geyrhalter)
Сценарио: Мариа Арламовски, Николас Гејрхалтер, Волфганг Видерхофер (Maria Arlamovsky, Nikolaus Geyrhalter, Wolfgang Widerhofer)

Се бара уредник

Од мај 2011 блогот за Кинотека нема уредник. Ако мислите дека може да ја преземете таа улога, читајте надолу.


Веќе 3 години блогот Кинотека дневно ја објавувва програмата на Кинотеката на Македонија, притоа користејќи повеќе сервиси на интернет: blogger (за блог запис), twitter (за кратко инфо), upcoming (за календар).

Кога во 2008 година го започнав целта беше програмата да биде подостапна на „интернетски“ начин. Во тоа време, единствено беше достапна на хартија и на форумот кој тогаш го одржуваше кинотеката, кој по многу нешта беше непрактичен.

Немам податоци, но ми се чини дека сервисот што го изградив(ме) е корисен.

Изминатиот месец тековниот уредник Андријана го најави своето повлекување од блогот, па местото е отворено за кој било што сака да продолжи да го уредува овој кино сервис.

Процесот на објавување помеѓу различните интернет сервиси е речиси целосно автоматизиран, а и содржината како таква доаѓа готова од селекторот од Кинотека. Треба само да се објавуваат информации со неколку клика, но веројатно не е толку лесно колку што звучи. :-)

Можеби веќе блог + твитер + слично не е штос во Македонија откако сите се на фејсбук. Но, еве да не остане ненапишано.

Конкурсот трае додека не се пријави некој.

Пријавете се на nnovica_лудо-а_gmail.com или andrijanuri_лудо-а_gmail.com
 
Кинотека. Design by Wpthemedesigner. Converted To Blogger Template By Anshul Tested by Blogger Templates.