Блогот Кинотека е неофицијално огледало на филмската програма на Кинотеката на Македонија и, понекогаш, на некои други филмски настани.

Премиера: „Некои поинакви приказни“

Проекции: 7 април (четврток), 20.00 часот

Пет земји, пет жени, пет приказни. Филмот опфаќа пет драмски отсликувања на мајчинството меѓу младите жени денес, во земјите од некогашната Југославија.

Бремена жена во болоницата го сретнува човекот кој го убил нејзиниот сопруг. Друга, ја крие бременоста од момчето зашто работата од неа бара да го напушти. Трета, која очекува близнаци, е соочена со ужасен избор кога докторите дијагностицираат недостатоци. Штотуку родила, поранешна зависничка од наркотици добива вест дека мора да го даде своето бебе на посвојување. Млада калуѓерка забременува. Ова се приказни од модерното секојдневие во Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска и Словенија.


Neke druge priče
игран филм/омнибус/ колор/ 35мм/ 114`
Србија/Словенија/Македонија/Хрватска/Босна и Херцеговина/Ирска/ 2010 година

Режија: Марија Џиџева (Македонија), Хана А.В. Слак (Словенија), Ана Марија Роси (Србија), Ивона Јука (Хрватска), Инес Тановиќ (Босна и Херцеговина)

Сценарио: Мајк Греј, Т.С. Кук, Џејмс Бриџис

Камера: Дејан Димески (Македонија), Свен Пепеоник (Словенија), Радослав Владиќ (Србија), Марио Ољача (Хрватска), Ерол Зубчевиќ (Босна и Херцеговина)

Музика: Брајан Крозби (Ирска)

Улоги: Ива Зенделска, Славиша Кајевски (Македонија); Луција Шербеџија, Петра Говц (Словенија); Наташа Нинковиќ, Сергеј Трифуновиќ (Србија); Горан Богдан, Нера Стипчевиќ (Хрватска); Феџа Штукан, Нина Виолиќ (Босна и Херцеговина

„Револвер“ – ново германско кино

Од 8 до 11 април, во Кинотеката на Македонија ќе се случуваат филмски проекции и дискусии со филмски работници и претставници на уредничкиот одбор на германскиот филмски магазин „Револвер“.


„Револвер“ е филмско списание кое се објавува двапати годишно и претставува претежно долги интервјуа на уредниците со режисери, техничари, глумци и филмски посредници. Овие разговори делумно се настанати при средбите „Револвер во живо!“, кои се одвиваат пред публика или преку индивидуални интервјуа. Главното прашање произлегува од „теоријата на праксата": интервјуираниот e на исто рамниште, не станува збор за толкување или интерпретација на неговата работа, туку за неговиот начин на работа, неговите патишта и неговата филозофија.


Основанo во 1998 година од Кристоф Хохојзлер, Бенјамин Хајзенберг и Јенс Бернер, „Револвер“ брои зад себе 23 изданија. Од студентска иницијатива прерасна во институција на германската филмографија. Денес, уредници-помошници се и Николас Вакербарт, Франц Милер и Заскија Валкер, кои и самите се режисери. Како соработници во уредништвото на списанието учествуваат и филмскиот куратор Ханес Бривилер и сценаристот Маркус Зајберт.

„Кинески синдром“

Проекции: 5 април (вторник), 20.00 часот

Трилеров ја раскажува приказната за репортер и камерман кои ја разоткриваат вистината за прикривањето на безбедносните ризици во една нуклеарна централа.


The China Syndrome
Игран филм/ колор/ 35мм/ 122`
САД/ 1979 година

Режија: Џејмс Бриџис
Сценарио: Мајк Греј, Т.С. Кук, Џејмс Бриџис
Улоги: Џејн Фонда, Џек Лемон, Мајкл Даглас, Скот Брејди, Џејмс Хемптон

„Граѓанинот Кејн“

Проекции: 4 април (понеделник), 20.00 часот

Филмската приказна се ткае околу наследството на Чарлс Фостер Кејн, лик заснован врз магнатот во американскиот печат Вилијам Рендолф Хрст и приватниот живот на режисерот Велс. По смртта на Хрст, новинарите се обидуваат да го одгатнат значењето на неговите последни зборови...


Citizen Kane
Игран филм/ црно-бел/ 16мм/ 119`
САД/ 1941 година

Режија: Орсон Велс
Сценарио: Херман Џ. Манкијевич
Улоги: Орсон Велс, Џозеф Котен, Дороти Камингор

„Година на опасно живеење“

Проекции: 3 април (недела), 20.00 часот

Филмот го следи младиот австралиски новинар кој се наоѓа среде превирањата и немирите во Индонезија, за време на владеењето на претседателот Сукарно. По нападот на 30 септември 1965 година, организиран од страна на Националните вооружени сили на Индонезија, следат репресалиите на одмаздничките милициски групи во кои ќе настрадаат стотици илјади луѓе.



The Year of Living Dangerously
игран филм/ колор/ 35мм/ 115`
САД/ 1982 година

Режија: Питер Вир
Сценарио: Вилијем Голдман, според книгите на Карл Бернстин и Боб Вудворд
Улоги: Сигурни Вивер, Мел Гибсон, Линда Хант, Мајкл Марфи, Бил Кер

„Сите луѓе на претседателот“

Проекции: 2 април (сабота), 20.00 часот

Оскаровскиов политички трилер е заснован врз истоимената книга на Боб Вудвард и Карл Бернстин, двајцата новинари кои ќе ја разоткријат аферата „Вотергејт“.


All the President’s Men
Игран филм/ колор/ 35мм/ 138`
САД/ 1976 година

Режија: Алан Џ. Пакула
Сценарио: Вилијем Голдман, според книгите на Карл Бернстин & Боб Вудворд
Улоги: Дастин Хофман, Роберт Редфорд, Џек Ворден, Џејсон Робардс, Џејн Александер
 
Кинотека. Design by Wpthemedesigner. Converted To Blogger Template By Anshul Tested by Blogger Templates.