Блогот Кинотека е неофицијално огледало на филмската програма на Кинотеката на Македонија и, понекогаш, на некои други филмски настани.

„Осум жени“

Проекции: 6 и 8 март (недела, вторник), 20.00 часот

За време на божиќните празници, во една изолирана куќа се случува убиство. Сопругата со својата мајка и сестра, како и слугинката, домаќинката и двете ќерки на убиениот – сите тие имаат мотив за убиство и се сомнителни, вклучувајќи ја и сестрата на покојникот, која ненајавено доаѓа во посета. Разоткривањето на темните семејни тајни доведува до комични ситуации.



Huit femmes
игран филм/ 35мм/ колор/ 98’
Франција/Италија/ 2001 година

Режија: Франсоа Озон
Сценарио: Франсоа Озон, Робер Тома
Улоги: Фани Ардан, Емануел Беар, Катрин Денев

„Видок“

Проекции: 4 и 5 март (петок, сабота), 20.00 часот

Додека ги следи трагите на Алхемичарот, познатиот убиец со маска, детективoт Видок исчезнува. Еден млад истражувач кој наводно сака да пишува за животот на детективот, се обидува да открие што се случило со него и почнува да го бара низ Париз. Кој всушност кого го следи е прашање што се разоткрива на крајот од филмот исполнет со акција, мистерија, компјутерска анимација.




Vidocq
игран филм/ колор/ 35мм/ 111’
Франција/ 2002 година

Режија: Питоф
Сценарио: Питоф, Жан-Кристоф Гранже
Улоги: Жерар Депардје, Гијом Кане, Инес Састр

„Последното Христово искушение“

Проекции: 2 и 3 март (среда, четврток), 20.00 часот

Екранизација на контроверзниот роман на Никос Казанцакис за еден имагинарен и претпоставен живот на Исус – подеднакво искушенички како и на секој друг смртник... Исус, наоѓајќи се веќе на крстот – по познатиот повик „може ли да ја одбегне горчливата чаша пелин“ – одеднаш се наоѓа себеси како постои и живее како и секој друг човек, го искусува горчливото секојдневие во кое живее обичниот смртник... Но, полека – тој свет се покажува далеку погорчлив од неговата „чаша пелин“...


The Last Temptation of Christ
Игран филм/ колор/ 35мм/ 164’
САД/ 1988 година

Режија: Мартин Скорсезе
Сценарио: Никос Казанцакис, Пол Шредер
Улоги: Вилијем Дефо, Харви Кајтел, Барбара Херши
 
Кинотека. Design by Wpthemedesigner. Converted To Blogger Template By Anshul Tested by Blogger Templates.