Блогот Кинотека е неофицијално огледало на филмската програма на Кинотеката на Македонија и, понекогаш, на некои други филмски настани.

„Фрли ја мама од возот“

Проекции: 6 и 8 јануари (недела, вторник), 20.00 часот

Лери е писател. Заработува така што предава на курс за креативно пишување. Има проблем со поранешната сопруга која му го украла ракописот и сега ужива во славата која всушност му припаѓа нему. Овен го посетува курсот на Лери. Овен има проблеми со својата егоцентрична мајка. И има решение за нивните проблеми. Решението се наоѓа во заплетот на Хичкоковиот трилер „Странци во возот“: Убиј ја мајка ми, а јас ќе ја убијам твојата жена.


Throw Momma from the Train
игран филм/ 35мм/ колор/ 88`
САД/ 1987 година

Режија: Дени Де Вито
Сценарио: Сту Силвер
Улоги: Дени Де Вито, Били Кристал, Ким Греист

„Песочен замок“

Проекции: 4 и 5 февруари (петок, сабота), 20.00 часот

За својот најпознат филм „Песочен замок“, Номура ја добива и наградата на жирито на Московскиот фестивал. Приказната на овој филм е насочена кон двајца детективи кои истражуваат убиство на еден старец чие тело е најдено крај железнички јазол. Ова е увертира на претстојниот мартовски циклус посветен на јапонскиот современ филм.


Suna no utsuwa/The Castle of Sand
игран филм/ 35мм/ колор/ 143`
Јапонија/ 1974 година

Режија: Јошитаро Номура (Yoshitaro Nomura)
Сценарио: Шинобу Хашимото, Јоџи Јамада
Улоги: Тецуро Тамба, Го Като, Кенсаку Морита
 
Кинотека. Design by Wpthemedesigner. Converted To Blogger Template By Anshul Tested by Blogger Templates.