Блогот Кинотека е неофицијално огледало на филмската програма на Кинотеката на Македонија и, понекогаш, на некои други филмски настани.

„Соба 666“

Проекции: 6 декември (понеделник), 20 часот

Во 1982 година, за време на одржувањето на Канскиот филмски фестивал, Вендерс од своите колеги режисери бара да одговорат на прашањето „Каква е иднината на филмот?“. Еден по еден ги сместува во хотелска соба, ги вклучува камерата и магнетофонот и, далеку од вревата и фестивалските случувања, ги снима нивните мислења.




Chambre 666/ Room 666
документарен филм/ колор/ ДВД/ 45`
Франција, Западна Германија
1982 година

Режија: Вим Вендерс
Сценарио: Вим Вендерс
Директор на фотографија: Ањес Годар
Во филмот учествуваат: Микеланџело Антониони, Рајнер Вернер Фасбиндер, Жан-Лик Годар, Вернер Херцог, Стивен Спилберг и други

„Кога минатото ќе затропа“

Проекции: 5 декември (недела), 20 часот

Хауард Спенс имал и подобри денови. Некогаш бил голема филмска ѕвезда во вестерн-филмови, но сега не може да се поднесе себеси и своето постоење потонато во алкохол, дрога и млади жени. Смета дека ако почине, никој нема ни солза да пролее по него. Но, се` се менува кога еден ден дознава дека можеби има дете за кое дотогаш не знаел.


Don't Come Knocking
игран филм/ колор/ ДВД/ 122`
Франција, Германија, САД
2005 година

Режија: Вим Вендерс
Сценарио: Сем Шепард, Вим Вендерс
Директор на фотографија: Франц Лустиг
Улоги: Сем Шепард, Џесика Ланг, Џорџ Кенеди, Тим Матесон, Сара Поли

„Браќата Складановски“

Проекции: 4 декември (сабота), 20 часот

Ова дело е комбинација на документарен филм и играна драма, со измислени настани и експериментална фотографија за првите денови на германската кинематографија. Вендерс овој филм го снимил заедно со своите студенти, а во чест на браќата Складановски чие откритие – Биоскоп – еден од првите филмски проектори, ја загубил битката на пазарот веднаш откако браќата Лимиер го преставиле својот проектор Кинематограф.


Die Gebrüder Skladanowsky / A Trick of Light
играно-документарен филм/ колор и црно-бел/ ДВД/ 79`
Германија/ 1995 година

Режија: Вим Вендерс
Сценарио: Себастан Андрае, Хенрик Хекман и други
Директор на фотографија: Јирген Јиргес
Улоги: Удо Киер, Ото Кунле, Кристоф Мерг, Надин Бетнер, Мариана Кавка

„Лисабонска приказна“

Проекции: 3 декември (петок), 20 часот

Режисерот Фридрих Монро има проблеми околу привршувањето на немиот црно-бел филм за Лисабон. Му се јавува на својот пријател, тонскиот снимател Филип Винтер и го замолува за помош. По една недела Винтер доаѓа во Лисабон, но сфаќа дека Монро исчезнал. Зад себе го оставил само недовршениот филм. Винтер останува во Лисабон, фасциниран од градот и од португалската пејачка Тереза...


Lisbon Story
игран филм/ колор и црно-бел/ ДВД/ 100`
Германија/Португалија
1994 година

Режија: Вим Вендерс
Сценарио: Вим Вендерс
Директор на фотографија: Лиса Ринцлер
Улоги: Рудигер Волер, Патрик Баушау, Рикардо Коларес, Жоел Куња Фереира, Васко Секвеира

„Небото над Берлин“

Проекции: 2 декември (четврток), 20 часот

Двајца ангели, невидливи за обичните луѓе, шетаат низ Берлин и им помагаат на сите осамени и депримирани души на кои наидуваат. Еден од ангелите е незадоволен од својата бесмртност, па посакува да стане човек со цел да ги почувствува радостите на секојдневното живеење. Среќава една циркуска акробатка, која е олицетворение на сите негови желби како смртник...
Во 1987 година, на Канскиот филмски фестивал, Вим Вендерс доби „Златна палма“ за режија на овој филм.


Der Himmel über Berlin/ Wings of Desire
игран филм/ колор и црно-бел/ ДВД/ 128`
Западна Германија/Франција
1987 година

Режија: Вим Вендерс
Сценарио: Рихард Рајтингер, Петер Хандке, Вим Вендерс
Директор на фотографија: Анри Алекан
Улоги: Бруно Ганц, Солве Домартен, Ото Сандер, Питер Фалк, Курт Боис

„Париз, Тексас“

Проекции: 1 декември (среда), 20 часот

Ревијата на филмови на Вим Вендерс ја започнуваме со филмот „Париз, Тексас“, добитник на канската „Златна палма“ во 1984 година.
Еден човек се појавува од пустината, не знае ни кој е, ни каде оди. Неговиот брат го наоѓа и му помага да се присети дека пред четири години заминал и ги напуштил сопругата и синот. Постепено, како што му се враќаат сеќавањата, тој стапува во контакт со различни луѓе од своето минато.


Paris, Texas
игран филм/ колор/ ДВД/ 147`
Западна Германија/Франција/В. Британија
1984 година

Режија: Вим Вендерс
Сценарио: Сем Шепард, Л.М. Кит Карсон
Директор на фотографија: Роби Милер
Улоги: Хари Дин Стентон, Настасја Кински, Бернард Вики, Хантер Карсон, Џон Лури
 
Кинотека. Design by Wpthemedesigner. Converted To Blogger Template By Anshul Tested by Blogger Templates.