Блогот Кинотека е неофицијално огледало на филмската програма на Кинотеката на Македонија и, понекогаш, на некои други филмски настани.

„Романса“

Проекции: 6 и 7 ноември (сабота, недела), 20 часот

Иако страсно вљубена во својот дечко, една млада професорка нема да успее да се справи со неговата незаинтересираност за интимно продлабочување на врската. Прилично исфрустрирана, таа ќе сфати дека нејзиниот незадоволен сексуален апетит ја води кон невообичаени и ризични ситуации, вклучувајќи ја и сексуалната врска со директорот на училиштето.


Romance
Колор/ 35мм/ 99`
1999 година

Режија: Катрин Бријан
Сценарио: Катрин Бријан
Улоги: Каролин Дуси, Сагамор Стеванин, Франсоа Берлеан, Роко Сифреди, Ема Колберти

„Човекот кој не беше таму“

Проекции: 4 и 5 ноември (четврток, петок), 20 часот

Еден лаконски прецизен бербер и страстен пушач го уценува шефот на жена си, кој е воедно и нејзин швалер, да вложи пари во неговиот бизнис со хемиско чистење, но планот не тргнува како што замислил...


The Man Who Wasn’t There
Колор/ 35мм/ 116`
2001 година

Режија: Џоел Коен
Сценарио: Џоел Коен, Итан Коен
Улоги: Били Боб Торнтон, Франсис Мекдорманд, Џејм Гондолфини, Скарлет Јохансон, Мајкл Бадалучо

„Последниот кинески цар“

Проекции: 2 и 3 ноември (вторник, среда), 20 часот

Филмот ја раскажува драматичната животна приказна на Пуји, последниот кинески цар, од неговото возвишено раѓање и краткото владеење во Забранетиот град по што станува предмет на обожување за половина милијарда луѓе, па се` до неговото абдицирање, падот на популарноста и развратниот живот. На крајот, таканаречениот „Човек кој беше киднапиран од историјата“ завршува како обичен селски работник во Народната република.


The Last Emperor
Колор/ 35мм/ 163`
1987 година

Режија: Бернардо Бертолучи
Сценарио: Енѕо Унгари, Марк Пепло, Бернардо Бертолучи
Улоги: Џон Лоун, Џоан Чен, Питер О`Тул, Рученг Јинг, Виктор Вонг
 
Кинотека. Design by Wpthemedesigner. Converted To Blogger Template By Anshul Tested by Blogger Templates.