Блогот Кинотека е неофицијално огледало на филмската програма на Кинотеката на Македонија и, понекогаш, на некои други филмски настани.

„Родени убијци“

Проекции: 6 и 7 октомври (среда, четврток), 20 часот

Филмот ги портретира незгодите на Мики и Мелори – отпадници, љубовници и сериски убијци. Следејќи ја Рутата 666, двајцата извршуваат психоделични масовни колежи и тоа не заради пари или одмазда, туку од ќеиф. При секое убиство, оставаат по еден жив човек кој ќе ја раскаже приказната за нив. Така, стануваат славни и легендарни народни херои.


Natural Born Killers
Колор/ 35мм/ 118`
САД/ 1994 година

Режија: Оливер Соун
Сценарио: Квентин Тарантино, Дејвид Велоз
Улоги: Вуди Харелсон, Џулиет Луис, Том Сајзмор, Робер Дауни Џуниор, Еверет Квинтон

„Кој сака да ја убие Џеси?“

Проекции: 3 и 5 октомври (недела, вторник), 20 часот

„Што ако апсурдниот сон стане реалност?“, ја прашува Роуз еден научник и истражувач кој открива начин како да создаде „корисни“ соништа со цел работниците да бидат задоволни и исполнителни. По примањето на дозата еликсир, елементите од соништата на Роуз стануваат стварни. А таа за ова станува свесна откако ќе му даде еликсир и на својот сопруг за да престане да ја сонува Џеси. Џеси, пак, е згодна хероина од еден стрип, која има антигравитациски ракавици, а кои Хенри мора да ги проучи за да го реши проблемот во фабриката, каде работи како инжинер: Хенри се буди до Џеси, а го следат и еден каубоец и еден супер-херој. Роуз станува љубоморна...Навистина необично креативен начин да се исмее чехословачката држава...


Kdo chce zabit Jessii?
Црно-бел/ 35мм/ 80`
1966 година

Режија: Вацлав Ворличек
Сценарио: Милош Мацоурек, Вацлав Ворличек
Улоги: Дана Медрицка, Јиржи Совак, Олга Шоберова, Јурај Виснии, Карел Ефа

„Животот на Матеуш“

Проекции: 1 и 2 октомври (петок, сабота), 20 часот

Филмот ја раскажува приказната на еден социјално неприфатен човек, кој со сестра си живее во едно куќиче на брегот на големо езеро. Во соседното село го сметаат за будала, но тој не се потресува. Негова голема љубов е природата. Одвреме-навреме работи чудни работи за да колку-толку и` помогне парично на сестра си. Еден ден в куќи ќе донесе еден дрвосечач на кого му покажал како да го премине езерото. Гостинот и сестра му веднаш се вљубуваат. Свесен дека не би можел да го поднесе животот без неа, тој решава да се самоубие. Оваа депресивна црно-бела приказна за отуѓувањето, сомнежот и несигурноста го отвори Канскиот филмски фестивал во бурната 1968 година.


Zywot Mateusza
Црно-бел филм/ 35мм/ 80`
Полска, 1968 година

Режија: Витолд Лешжински
Сценарио: Витолд Лешжински, Војчех Соларц
Улоги: Франчишек Пичка, Ана Милевска, Виргилиуш Грин, Александер Фоѓел, Хана Скарзанка
 
Кинотека. Design by Wpthemedesigner. Converted To Blogger Template By Anshul Tested by Blogger Templates.