Блогот Кинотека е неофицијално огледало на филмската програма на Кинотеката на Македонија и, понекогаш, на некои други филмски настани.

„Некаква Америка“ (Valami Amerika), 16 мај (сабота), 20ч.

Тројца браќа, една цел. Секој од нив ужива во она што го прави...Едниот е филмски режисер кој работи главно на реклами, но сака да сними игран филм. Другиот е успешен, а третиот, најмладиот, не е. Доаѓа еден холивудски продуцент и се` се испревртува....
Ова е најгледаниот унгарски филм во 2002 година.


Филмот е снимен во 2001 година, во режија на Габор Херенди.
Трае 115 минути.

„Свеж воздух“ (Friss levegö), 15 мај (петок), 20ч.

Виола е се` уште прекрасна жена, но ќерка и` Ангела се срами од неа. Комуникацијата помеѓу нив станува невозможна. Заедно се само кога ги гледаат омилените ТВ серии. Не пропуштаат ниту една епизода зашто, веројатно, и двете се вљубени во протагонистот. Виола работи таму каде никој не би сакал да работи. Трага по вистинскиот човек кого би можела да го сака. Ангела, пак, сака да дизајнира убави фустани. Таа сонува за нешто поинакво. За нов живот. За свеж воздух.


Филмот е во режија на Агнес Кочиш и трае 109 минути.
Снимен е во 2006 година.

„Патувањето на Иска“ (Iszka utazása), 14 мај (четврток), 20ч.

Иска е дванаесетгодишно девојче кое живее на улиците на еден рударски град во Источна Европа. Приказната го следи нејзиниот пат од гратчето, па се` до Црното море каде станува жртва на трговијата со жени и деца. Децата од улица, полни со виталност и желба да ја избегнат ваквата судбина, се глумат самите себеси во филмот. Иска завршува во сиропиталиште...на прашањето „Дали родителите те повредуваат“, таа е среќна што може да каже дека не ја тепаат секој ден.


Филмот е во режија на Чаба Болок и трае 93 минути.
Снимен е во 2007 година.

Денови на современиот унгарски филм (13-16 мај)

„Среќа“ (Mázli), 13 мај (среда), 20ч.

Оѓармат е сиромашно затурено село во близина на австриско-унгарската граница. Еден ден среќата им се насмевнува на селаните. Откриваат дека под гробиштата минува нафтоводот и им светнува идеја да ја продупчат цевката и да продаваат нафта. Целата работа ја прикриваат со погреб. Парите го полнат џебот, сите се среќни и задоволни. Но сега сите сакаат да се збогатат, па нема кој не продава нафта... 

Филмот е во режија на Тамаш Кемењфи и трае 88 минути.
Снимен е во 2008 година.

„Сите добри земјаци“ (Vsichni dobri rodaci), 11 мај (понеделник), 20ч.

Дејствието се одвива во едно моравско селце, непосредно по војната. „Земјаците“ се надеваат на слобода по речиси еднодецениското владеење на нацистичкиот режим, но повторно има нешто поважно од чешката слобода - моравските селани сега мора да се справат со комунистите.

Со влегувањето на руските тенкови во Прага во 1968 година, прикажувањето на „Сите добри земјаци“ се забрани.


Филмот е во режија на Војтек Јасни и трае 114 минути.
 
Кинотека. Design by Wpthemedesigner. Converted To Blogger Template By Anshul Tested by Blogger Templates.