Блогот Кинотека е неофицијално огледало на филмската програма на Кинотеката на Македонија и, понекогаш, на некои други филмски настани.

„Замка за инспекторот Калахан“ (Magnum Force), 3 и 4 април (петок и сабота), 20ч.

Инспекторот Хари Калахан и неговиот партнер Ерли Смит се привремено префлени од одделот за убиства на полициско надгледување. Во меѓувреме, неколкуте криминалци кои се извлекле без казна, се убиени. И покрај наредбите на поручникот Бригс, Калахан (или Валканиот Хари) се впушта во истражување на убиствата зашто верува дека сторителот е од редовите на полицијата....


Режијата е на Тед Пост. 
Филмот трае 124 минути.

„Град на гревови“ (Sin City), 1 и 2 април (среда, четврток), 20ч.

Филмот претставува адаптација на четири крими-приказни од популарните стрипови на Френк Милер. Дејствието се врти околу еден набилдан мангуп кој го бара убиецот на својата сакана Голди, еден човек на кој му е „преку глава“ од корупцијата во градот, па го зема законот во свои раце, еден полицаец кој си го ризикува животот за да спаси девојка од еден дегенерик и еден платен убиец кој сака да направи пари.


Филмот е во режија на Френк Милер и Роберт Родригез и трае 124 минути.

„Сатурн во опозиција“ (Saturno contro), 30 март (понеделник), 20ч.

Една брачна двојка, двајца хомосексуалци, еден „сингл“ и еден наркоман...тие се блиски пријатели, а филмот е приказна за нивните разлики и за нивниот однос откако ненадејно ќе почине еден од нив.


Филмот трае 110 минути.
 
Кинотека. Design by Wpthemedesigner. Converted To Blogger Template By Anshul Tested by Blogger Templates.