Блогот Кинотека е неофицијално огледало на филмската програма на Кинотеката на Македонија и, понекогаш, на некои други филмски настани.

„Чирусоку лето“, 7 март (сабота), 20ч. [Кинотека]

Режиран од Кијоши Сасабе во 2003 година, филмов ја раскажува приказната за забранетата љубов помеѓу Јапонката Шимоносеки (Икуко) и Кореецот Бусан (Ахн) – двајца спортисти коишто се запознаваат во спортски камп летото, 1977 година. По сцената на балконот во стилот на Ромео и Јулија, тие си ветуваат дека ќе се видат следното лето во Табаната и си пишуваат писма преку целата година. Но на патот им стојат многу препреки затоа што нивните родители и пријатели не ја одобруваат нивната љубов со оглед на односите помеѓу Корејците и Јапонците низ историјата. Ахн сака и да се запише на факултет заради што треба да се откаже од спортувањето, но прави сè што е во негова моќ за да го одржи ветувањето и да се сретне со Икуко следната година...

Филмот трае 114 минути.

Недела на јапонски филм

„Харизма“, 6 март (петок), 20 ч. [Кинотека]

„Харизма“ е јапонски филм од 1999 година, во режија на Кијоши Куросава.

Искусен детектив е повикан да спаси политичар кој се наоѓа во заложништво на еден лудак. Во момент на колебливост, тој ја пропушта можноста да го спаси. Без збор ги напушта работата и семејството и оди в планина, каде расте необично дрво наречено харизма. Треба ли да се уништи или заштити? Луѓето се поделени во однос на ова прашање.

Филмот трае 104 минути.

Изложба, 5 март (четврток)

Изложба на М-р Бојан Илиевски – Галерија на Кинотека на Македонија

Фрик филм фабрика, 4 март (среда)

Фрик филм фабрика е фестивал на видео арт, краток филм и независна продукција.
Свечено отварање на 04. 03. 2009 во просториите на Кинотека на Македонија

21:05 – 21:15, проекција на два кратки филма од португалскиот режисер/уметник кој живее во Лондон: Sergio Cruz: Animalz (3:20) и Animaiz (3:45)
21:15 – 21:30, проекција на два кратки филма од англиската авторка Jenny Baines (London)
21:30 – 22:00, проекција на триесет минутниот филм на германскиот режисер Minh Doung - “Marie”
22:00 – 22:25, проекција на селекцијата на анимации, курирана од норвешкиот уметник кој живее и работи во Берлин а воедно е и издавач на списанието за современ цртеж “FUKT” Bjorn Hegardt
 
Кинотека. Design by Wpthemedesigner. Converted To Blogger Template By Anshul Tested by Blogger Templates.