Блогот Кинотека е неофицијално огледало на филмската програма на Кинотеката на Македонија и, понекогаш, на некои други филмски настани.

Четири соби, 5 и 6 декември во 20ч. [Кинотека]

Четири соби е антологиски филм од 1995 кој раскажува четири приказни од еден хотел во Лос Анџелес за време на дочек на нова година. Тим Рот го толкува главниот карактер кој ги поврзува приказните каде, помеѓу другите играат и Брус Вилис, Квентин Тарантино, Антонио Бандерас и Мадона.



Филмот е режиран од Алисон Андерс, Александер Роквел, Роберт Родригез и Квентин Тарантино, каде секој од нив режира еден сегмент од филмот.

Филмот трае 120 минути.

(Никулец на мк.Википедија)

КЕНЕДИ СЕ ВРАЌА ДОМА, 3 декември 2008 во 20 ч. [Кинотека]

Српскиот филм „Кенеди се враќа дома“ на режисерот Желимир Жилник е на програмата на 3 декември. На проекцијата гостин ќе биде и режисерот на филмот.

Дополнително ќе биде прикажан и филмо „Кенеди изгубено и најдено“

Евтини приказни 2 и 4 декември 2008 во 20 ч. [Кинотека]

Евтини приказни (англиски: Pulp Fiction) е американски филм од 1994 на режисерот Квентин Тарантино кој го напиша заедно со Роџер Ејвери. Познат е по нелинеарната приказна, еклектичкиот дијалог, ироничната мешавина на хумор и насилство и референци од филмови и од популарната култура. Номиниран е за седум Оскари, вклучувајќи за најдобар филм; Тарантино и Ејвери ја освоија наградата Оскар за најдобро оригинално сценарио. На Канскиот филмски фестивал е награден со Златна палма. Големиот комерцијален успех ја ревитализираше кариерата на главниот глумец, Џон Траволта, кој беше номиниран за Оскар, како и Семјуел Л. Џексон и Ума Турман.


Насловот на филмот се однесува на шунд списанијата и „тврдо варените“ криминалистички романи од средината на 20 век, познати по сликовитите прикази на насилство и испразнети дијалози. Приказната е, како и во другите дела на Тарантино, нелинеарна. Критичарите го нарекуваат филмот прв пример за постмодерен филм заради неговата саморефлективност и неконвенционална структура. Евтини приказни послужи како инспирација за многу подоцнежни филмови кои примија многу елементи од неговиот стил. Природата на неговата продукција, маркетингот и дистрибуцијата и дополнителната прoфитабилност имаа силно влијание на подрачјето на независната кинематографија.
 
Кинотека. Design by Wpthemedesigner. Converted To Blogger Template By Anshul Tested by Blogger Templates.