Блогот Кинотека е неофицијално огледало на филмската програма на Кинотеката на Македонија и, понекогаш, на некои други филмски настани.

Хотел од милион долари, 22 и 23 ноември 2008 во 20 ч. [Кинотека]

Хотел од милион долари (The Million Dollar Hotel) е драма од 2000 година базирана на приказна на Боно од U2 и Николас Клајн (Nicholas Klein). Режисер на филмот е Вим Вендерс (Wim Wenders). Главните улоги ги играат Џереми Дејвис (Jeremy Davies), Мила Јововиќ (Milla Jovovich) и Мел Гибсон (Mel Gibson).



Филмот е за група од различни луѓе кои живеат во хотел во Лос Анџелес. Фокусот главно е на Том Том (Дејвис) и неговата врска со Елуиз (Јововиќ). Филмот ги следи настаните кои се одвиваат по самоубиството на синот на сенатор на САД во хотелот. Неговиот татко испраќа агент на ФБИ (Гибсон) да открие нешто повеќе за неговата смрт.

(Никулец на мк.Википедија.)

Филмот трае 122 минути.

Приказната на Стрејт, 20 и 21 ноември 2008 во 20 ч. [Кинотека]

Приказната на Стрејт (The Straight Story) е филм од 1999 година во режија на Дејвид Линч (David Lynch). Базиран е на вистинската приказна за Алвин Стрејт и неговото патување низ Ајова и Висконсин на машина за сечење трева. Филмот е продуциран и монтиран од Мери Свини (Mary Sweeney), долгогодишната партнерка и соработничка на Линч. Таа го има напишано сценариото заедно со Џон Роч (John E. Roach).

Насловот на филмот е двосмислен. Тој се однесува на презимето на Алвин, но исто така се однесува на навидум праволиниската приказна на филмот, во споредба со комплексните и мистериозни заплети на другите филмови на Дејвид Линч.


Алвин Стрејт (го игра Ричард Фарнсворт (Richard Farnsworth)) е ветеран од Втората светска војна кој живее со својата ќерка Роуз (Сиси Спејсек (Sissy Spacek)), мила жена со ментално пореметување. Кога Алвин ќе чуе дека неговиот отуѓен брат ќе Лајл (Хари Дин Стентон (Harry Dean Stanton)) ќе доживее мозочен удар, тој одлучува да го посети со надеж дека ќе се помират пред да умре. Но, поради неговите слаби нозе и очи за тој не може да добие дозвола, тој закачува приколка на скоро купениот трактор за косење трева и тргнува на патувањето од Лоренс, Ајова до Маун Зион, Висконсин, долго 240 милји.

Така филмот ја следи приказната на шестнеделното патување на Алвин низ руралната Америка, луѓето кои тој ги среќава, неговото влијание на нивните животи, и нивното на неговиот. Филмот е наречен модерна одисеја на човек кој се соочува со својот морал и грешки и вечните врски на семејството.

(Никулец на мк.Википедија.)

Филмот трае 112 минути.

Обвинение за убиство на еден студент, 18 и 19 ноември 2008 во 20 ч. [Кинотека]

Обвинение за убиство за еден студент е италјански филм од 1972 година.

Режисер на филмот е Мауро Болоњини (Mauro Bolognini), а сценариото го имаат напишано Уго Пиро (Ugo Pirro) и Уго Либераторе (Ugo Liberatore). Улогите ги играат Масимо Раниери (Massimo Ranieri), Мартин Балсам (Martin Balsam), Тури Феро (Turi Ferro), Џузепе Колици (Giuseppe Colizzi), Луиџи Диберти (Luigi Diberti) и др.





Филмот се случува во Рим.

За време на еден судир помеѓу работници-демонстранти (во чии редови има и студенти) и полицијата, загинуваат полицаец и студент. Судијата назначен за случајот, заедно со двајца началници, повеќе и е наклонет на верзијата на полицијата: студентот е убиен од страна на еден од демонстрантите, а полицаецот е убиен од Масимо Троти, студент по архитектура и член на партија која не е дел од парламентот. Навидум фактите и одат во полза на оваа верзија, па така Троти завршува во судница. Меѓутоа виновен за убиството е Алфио Сола, син на судијата. По советите на другарите, Алфио сведочи на суд во корист на Масимо Троти. Но залудно.

Филмот трае 105 минути.
 
Кинотека. Design by Wpthemedesigner. Converted To Blogger Template By Anshul Tested by Blogger Templates.