Блогот Кинотека е неофицијално огледало на филмската програма на Кинотеката на Македонија и, понекогаш, на некои други филмски настани.

Фестивал Манаки: Филм на отварање - Другата Болејнова сестра, 27 септември 2008 г. во 19:20 ч. [Битола]

Другата девојка од Болејнови (англиски: The Other Boleyn Girl) е драма, историски – филм од 2008 год. Приказната на филмот, иако наведува дека е заснована на историски факти, сепаке послободна интерпретација на историјата, т.н романизирана верзија а како подлошка на сценариото, всушност, се јавува истоимената бестселер-новела на Филипа Грегори. Така, покрај величенствената и сензуална приказна за интриги, љубов и предавтство, секако, привлечен адут на овој филм се и двете главни протагонистки, атрактивните Скарлет Јохансон и Натали Портман, кои филмското сестринство го продолжија во искрено пријателство и по завршувањето на снимањето. Филмот е сниман во септември 2006 год. во Англија, а монтиран истата година во декември. Сепак, некои клучни сцени се преснимани во август минатата година.



Синопсис

Двете сестри Ана и Мери Болејн се водени од својот амбициозен татко, како и од вујкото, да ги засилат моќта и статусот на семејството, така што ќе го привлечат интересот на кралот на Англија. Живеејќи дотогаш едноставен селски живот, девојките ќе бидат турнати во опасниот свет на дворскиот живот. Во остварувањето на задачата, да помогнат во општественото интригантен свет на семејството, односот на Ана и Мери се развива во сурово ривалство меѓу сестрите за да ја добијат љубовта на кралот. Во почетокот, Мери ја освојува наклоноста на кралот Хенри и станува негова љубовница, па дури и забременува со негово незаконско дете. Но, итрата и помудра Ана бестрашно застанува наспроти двете жени во животот на кралот, својата сестра и законската сопруга на Хенри Осми , кралицата Катарина од Арагон. И покрај нежните чувства кон Хенри што се развиваат кај Мери, нејзината сестра Ана е решена да оди докрај. Ана нема да запре се додека на стане кралица на Англија. Додека двете девојки од Болејнови се борат за љубовта на кралот – едната водена од амбиција, а другата од искрените чувства – на Англија и се заканува распарчување. И покрај драматичните последици, девојките Болејн наоѓаат сила да ја пронајдат лојалноста една кон друга и да ја задржат својата сестринска врска.

Статија од мк.Википедија.

Филмот трае 115 минути.

По овој филм на програмата е Operation Thunderbolt (imdb има 3 филма со тој наслов).

29 пат Манаки

Во сабота почнува 29тиот фестивал Манаки.


Бидејќи не успеавме да најдеме распоред за целата програма, веројатно ќе пишуваме само за оние филмови што ќе се прикажуваат во Кинотеката во Скопје. Ако некој ги има останатите информации, може да нѐ извести. :)
 
Кинотека. Design by Wpthemedesigner. Converted To Blogger Template By Anshul Tested by Blogger Templates.