Тврдината Европа, 17.09.2008 г. во 20ч. [Кинотека]
„Тврдината Европа“ (2001) на режисерот Желимир Жилник е топла, интимна приказна за бегалците кои се повеќе се наметнуваат како една од најгорчивите искуства на изминатиот 20сетти век. Режисерот Желимир Жилник, во стил на мајстор, кој не ги има изгубено корените од Југословенскиот црн бран, во играно-документарна форма ја раскажува приказната за бегалците, економските, но и оние кои бегаат од физичкиот терор со што се надоврзува на својот антологиски филм „Рани работи“. Жилник покажува дека ангажираноста во уметноста не е само карактеристика на младите автори.
Филмот трае 80 минути.
Оваа проекција е почетокот од реализација на соработката на Кинотека на Република Македонија со Гете институтот.
Влезот за оваа проекција е слободен
Филмот трае 80 минути.
Оваа проекција е почетокот од реализација на соработката на Кинотека на Република Македонија со Гете институтот.
Влезот за оваа проекција е слободен
