Блогот Кинотека е неофицијално огледало на филмската програма на Кинотеката на Македонија и, понекогаш, на некои други филмски настани.

Дива, 15 и 16 март 2008 во 20 ч. [Кинотека]

Дива е француски филм од 1981 година. Сценариото и режијата се на Жан-Жак Бенекс (фр. Jean-Jacques Beineix), а филмот е базиран на новела од Даниел Одие (фр. Daniel Odier). Во главните улоги се појавуваат Фредерик Андре (фр. Frédéric Andréi), Роланд Бертин (фр. Roland Bertin), Шантал Деруа (фр. Chantal Deruaz).


Поштарот Жул крадешкум снимил концерт од Синтија Хокинс, дива на која тој ѝ се восхитува толку многу, што ѝ го краде фустанот. Исто така, без да знае, ќе стане сопственик и на касета што во торбата закачена на неговиот мопед ја фрлила една жена пред да биде убиена. Благодарение на Городиш и Алба кои ќе го примат кај себе, Жул ќе успее да им избега на гонителите – полицијата и скитниците кои се во потрага по касетата. Во сета таа збрка, тој ќе најде време да ја освои Синтија, која му простува за фустанот.

(Никулец на мк.Википедија.)

Филмот трае 117 минути и со него завршува циклусот на француски филмови.

(Блогот „Кинотека“ ѝ се заблагодарува на Андријана за помошта околу содржините за француските филмови.)

Бенжамен, 13 – 14 март 2008 во 20 ч. [Кинотека]

„Бенжамен“ е француски филм од 1968 г. Режијата е на Мишел Девил (фр. Michel Deville), а покрај него на сценариото има работено и Нина Компане (фр. Nina Companeez). Главните улоги ги играат Мишел Морган (фр. Michellе Morgan), Мишел Пиколи (фр. Michel Piccoli), Пијер Клемен (фр. Pierre Clementi) Катрин Денев (фр. Catherine Deneuve).


Многу малку информации можат да се најдат за филмов на Интернет. По сѐ изгледа, станува збор за филм со многу љубовни афери. Младиот Бенжамен (Пијер Клемен) оди на село за летото и има афера со локалната девојка (Катрин Денев). Потоа, секој има уште по една афера со другите ликови. :)

(Никулец на мк.Википедија.)

Филмот трае 90 минути.

(Блогот „Кинотека“ ѝ се заблагодарува на Андријана за помошта околу содржините за француските филмови.)

Животот почнува два пати, 11 и 12 март 2008 во 20 ч. [Кинотека]

„Животот почнува два пати“ е француски филм од 1976 година. Режисер и сценарист е Клод Лелуш (фр. Claude Lelouch), а во главните улоги се појавуваат Катрин Денев (фр. Catherine Deneuve) и Анук Аме (фр. Anouk Aimee). Филмот е мешавина на драма и лесна комедија, карактеристчен стил на неговиот режисер.


Кетрин Бергер, 35 годишна жена, го напушта затворот по 15 години казна за соучестување во убиството на нејзиниот работодавач. Додека била во затвор, го родила својот син, сега кога го напушта затворот сака да го гради нејзиниот живот со него...

(Никулец на мк.Википедија.)

Филмот трае 105 минути.

(Блогот „Кинотека“ ѝ се заблагодарува на Андријана за помошта околу содржините за француските филмови.)
 
Кинотека. Design by Wpthemedesigner. Converted To Blogger Template By Anshul Tested by Blogger Templates.