Блогот Кинотека е неофицијално огледало на филмската програма на Кинотеката на Македонија и, понекогаш, на некои други филмски настани.

Господин Клајн, 8 и 9 март 2008 во 20 ч. [Кинотека]

Господин Клајн (фр. Monsieur Klein) е француски филм од 1976 година. Режисер на филмот е Џозев Лоузи (фр. Joseph Losey), а сценариото е на Франко Солинас (фр. Franko Solinas). Во главните улоги настапуваат Ален Делон (фр.Alain Delon) и Жана Моро (фр. Jeane Moreau).


Годината е 1942. Војната беснее и Франција е окупирана од Нацистите. Сепак, за Роберт Клајн ова не претставува никаква грижа. Тој е дилер на уметнички дела и прави добар профит со Евреите кои ги продаваат својот имот пред да ја напуштат земјата. Клајн нема политички афинитети и одлучува да остане незаинтересиран.

Сето ова се менува кога еден ден на неговата адреса случајно пристигнува еврејски весник. Тогаш тој открива дека во Париз живее уште еден Роберт Клајн - евреј кој е баран од полицијата. Кога полицијата не може да го пронајде другиот Клајн, властите почнуваат да се сомневаат и дилерот на уметнички дела е приморан да произведе доказ за сопственото француско потекло. Набрзо тој е приморан да се впушти во потрага по своето име и да открие што се случило.

(Никулец на мк.Википедија.)

Филмот трае 123 минути.

(Блогот „Кинотека“ ѝ се заблагодарува на Андријана за помошта околу содржините за француските филмови.)

Патем, по повод денот на жената, на 8ми март претставата ќе биде со слободен влез за припадничките од поубавиот пол.

Револверашки, 6 – 7 март 2008 во 20 ч. [Кинотека]

Револверашки е француски филм од 1971 година. Овој вестерн е напишан од Мари Анж Ани (фр. Marie Ange Anies) и Жан Немор (фр. Jean Nemours), а режиран од Кристијан Жак (фр. Christian Jaque). Во главните улоги се појавуваат Брижит Бардо (фр. Brigitte Bardot) и Клаудија Кардинале (фр. Claudia Cardinale).


Луиз и нејзините четири сестри формираат банда. По уште еден во низата напади на возови, тие ќе одлучат да се повлечат откако во пленот од грабежите ќе најдат документ за сопственост на ранчот Литл Пe. Но штом ќе пристигнат таму, ќе се судрат со злонамерната Мариа Саразан која открила дека на ранчот има нафта и сака да си го присвои...

(Никулец на мк.Википедија.)

Филмот трае 94 минути.

(Блогот „Кинотека“ ѝ се заблагодарува на Андријана за помошта околу содржините за француските филмови.)

Манон 70, 4 и 5 март 2008 во 20 ч. [Кинотека]

Скромна најава за филмот во вторник и среда.

Манон 70 е француски филм од 1968 со Кетрин Денев (фр. Catherine Deneuve), Жан-Клод Брили (фр. Jean-Claude Brialy) и Семи Фреј (фр. Sammy Frey). Филмот е напишан и режиран од Жан Аурел (фр. Jean Aurel).

Филмот е базиран на француски роман од 18-тиот век и на италјанска опера од 19-тоит век. Оригиналната музика за филмот е на Серж Гејнсбург (фр. Serge Gainsbourg).


Филмот е за Манон (Кетрин Денев), неморална жена со слободен дух, која го користи сексот за да се опркужи себе си во луксуз.

(Баш никулец на мк.Википедија.)

Филмот трае 105 минути.

(Блогот „Кинотека“ ѝ се заблагодарува на Андријана за помошта околу содржините за француските филмови.)
 
Кинотека. Design by Wpthemedesigner. Converted To Blogger Template By Anshul Tested by Blogger Templates.