Блогот Кинотека е неофицијално огледало на филмската програма на Кинотеката на Македонија и, понекогаш, на некои други филмски настани.

Ламиел, 1 и 2 март 2008 во 20 ч. [Кинотека]

Ламиел е француски филм од 1967 година. Дивата која глуми во него е Ана Карина (фр. Anna Karina) - француска актерка со данско потекло. Режисер е Жан Аурел (фр. Jean Aurel), а сценариото е на Жан Аурел и Сесил Сант Лаурент (фр. Cecil Saint Laurent).


Фотографија од Ана Карина - извор Француска филмска енциклопедија.

Филмот е за Ламиел, млада селанка која ја штити докторот Санфан затоа што гледа дека ѝ претстои светла иднина.

Откако ќе ја увери војвотката Д Миосанс дека пати од мигрена заради високиот очен притисок, тој ќе ја внесе Ламиел во замокот на војвотката како читач(ка). А таму, во замокот, Ламиел сака да научи сè за љубовта. Затоа и му дава десет франци на еден фабрикант, за да ја научи. Но се разочарува. Синот на војвотката, кој е заљубен во неа, ја грабнува и ја води во Париз. А таму, Ламиел „умира“ од досада. Во пансионот каде што живее, го сретнува младиот гроф Д`Обиње, необичен и пропаднат аристократ. Откако ќе му раскине на својот прв љубовник преку писмо, таа му станува љубовница на грофот. И понатаму за неа се грижи докторот Санфан и ја советува што да прави со животот.

„Позагрижен сум за Вашата отколку за сопствената судбина”, ѝ вели тој. Подоцна тој успева да издејствува да ја посвои стариот маркиз Д` Орпле. Па така, грофот Д`Обиње, кој и покрај двобојот за неа, досега не се осмелил да ја омажи, сега прифаќа неговото име да го носи една маркиза. Откако ќе се омажи за него, Ламиел има безброј љубовници. Љубовници има и тој. Хроничната болест на Ламиел и досадата повторно ја обзема.

Една ноќ, кај неа ќе влезе крадец. Таа му дозволува да земе сè што сака и му се препушта. А тој пак, Валбер, надалеку прочуениот разбојник, за неа ќе стане олицетворение на машкоста затоа што живее по работ и сонува „со отворени очи”. Работите ќе отидат дотаму што Ламиел ќе се појави во негово друштво во Операта. Мажот ѝ ќе ја убие, но не од љубомора, туку за да си ја зачува честа. А Ламиел ќе умре среќна затоа што со својата смрт успеала да му помогне на љубениот да ѝ избега на полицијата.

(Никулец на мк.Википедија.)

Филмот трае 95 минути.

(Блогот „Кинотека“ ѝ се заблагодарува на Андријана за помошта околу содржините за француските филмови.)

Дух, 28 и 29 февруари 2008 во 20 ч. [Кинотека]

Дух е романтична драма од 1990 година со Патрик Свејзи (анг. Patrick Swayze), Деми Мур (анг. Demi Moore), Тони Голдвин (анг. Tony Goldwyn) и Вупи Голдберг (анг. Whoopi Goldberg) во главните улоги. Сценариото е на Брус Џоел Рубин (анг. Bruce Joel Rubin), а режијата на Џери Цукер (анг. Jerry Zucker). Филмот бил номиниран за повеќе оскари меѓу кои и за најдобар филм, а добил оскар за најдобро оригинално сценарио и најдобра споредна женска улога за Вупи Голдберг.



Сем Вит (Патрик Свејзи) и Моли Џенсен (Деми Мур) се среќна и заљубена двојка од Њу Јорк. Единствениот проблем во нивната врска е потешкотијата на Сем да ѝ каже на својата девојка „Те сакам“. Ова ѝ пречи на Моли која чувстува потреба да ги чуе тие зборови назад кога таа ќе му го каже истото на Сем.

Една вечер додека се шетаат назад кон својот нов стан по вечер помината на театар, ги пресретнува крадецот Вили Лопез. Крадецот вади пиштол и Сем е повреден. Сем го брка Вили, но не успева да го фати. Се враќа назад и ја гледа моли над своето мртво тело. Тогаш тој сфаќа дека е дух, заглавен помеѓу двата света. Се спуштаат светла (се претпостаува од рајот) за да го однесат, но тој бега.

Сем сфаќа дека грабежот е планиран кога ќе го види Вили како влегува во куќата и бара нешто низ неговите работи. Сем го следи Вили и дознава дека неговиот близок пријател и колаге Карл Брунер (Тони Голдвин), го најмил Вили за да го ограби сем со цел да ја земе неговата лозинка од службениот компјутер. Карл е вклучен во перење пари во банката каде тој и Сем работат, а Сем скоро ја променил својата лозинка со што му го спречил пристапот на својот колега до лажните сметки каде биле сместени парите. Сем е фрустриан од постпките на својот таканаречен најдобар пријател, но сфаќа дека како дух може да направи многу малку.


(Никулец на мк.Википедија.)

Филмот трае 128 минути.

Дождовен човек, 26 и 27 февруари 2008 во 20 ч. [Кинотека]

Дождовен човек (анг. Rain Man) е драма од 1988 година, напишана од Бери Мороу(анг. Barry Morrow) и Роланд Бас (анг. Ronald Bass), а режирана од Бери Левинсон (анг. Barry Levinson). Филмот ја раскажува приказната за себичниот јапи Чарли Бабит, кој отркива дека неговиот татко го оставил сиот свој повеќе милионски имот на неговиот аутистичен брат Рејмонд, кој тој не знаел дека постои.

Во филмот глуми Дастин Хофман (анг. Dustin Hoffman) како Рејмонд, Том Круз (анг. Tom Cruise) како Чарли Бабит и Валерија Џолино (анг. Valeria Golino) како девојката на Чарли - Сузана.

Филмот е добитник на четири Оскари, вклучувајќи и Оскар за најдобар филм, најдобро сценарио, најдобар режисер и најдобар актер во главна улога за Хофман. Целата екипа доби дополнителни четири номинации.



Чарли Бабит (Круз), дилер на автомобили од Лос Анџелес во своите средни дваесети годни, е на средина на преговори за четири луксузни спортски автомобили. Зделката е загрозена од EPA: ако Чарли не може да ги достигне барањата ќе изгуби многу пари. После краток разговор со еден од вработените, Чарли оди на викенд во Палм Спрингс со својата девојка Сузана.

Патувањето на Чарли е расипано од неочекуваните вести за смртта не неговиот отуѓен татко Стенфорд Бабит. Чарли патува во Синсинати, Охајо за да се погрижи за имотот. Таму дознава дека непознат наследник добива 3 милиони долари, додека тој добива само класичен Бјуик автомобил. Подоцна дознава дека парите се насочени кон ментална институција, за која открива дека е дом на неговиот аутистичен брат Рејмонд (Хофман).

(Никулец на мк.Википедија.)

Филмот трае 133 минути.

Се бара уредник за „Што да гледате во понеделник“?

Како што повеќето посетители на „Кинотека“ веројатно знааат, понеделник е денот кога се паузира со проекции во кинотеката (освен кога има специјални настани како овој понеделник :)).

Затоа бараме уредник кој ќе препорачува филм за гледање во понеделник.



Уредникот на рубриката „Што да гледате во понеделник?“ треба да објавува информација за еден филм секоја недела притоа додавајќи содржини на мк.Википедија. Исто така згодно би било да се нафати да го прави тоа за некој определен период за да имаме некаков континуитет. Не знам што ќе правиме ако се пријават повеќе луѓе, ама ајде ќе ги разработиме деталите со тек на време.

Пишете!

(Фотографија на Taxiguerrilla од http://www.flickr.com/photos/leeppolis/429588435/, cc-by-nc-sa.)
 
Кинотека. Design by Wpthemedesigner. Converted To Blogger Template By Anshul Tested by Blogger Templates.