Блогот Кинотека е неофицијално огледало на филмската програма на Кинотеката на Македонија и, понекогаш, на некои други филмски настани.

Вљубениот Шекспир, 16 и 17 февруари 2008 во 20 ч. [Кинотека]

Вљубениот Шекспир е наградувана романтична комедија од 1998 година. Режисер на филмот е Џон Маден (анг. John Madden), а косценарист е драмскиот писател Том Стопард (анг. Tom Stoppard), чив прв голем успех беше драмата Розенкрантц и Гилденстерн се мртви во која има големи влијанија од Шекспир.

Филмот е воглавно фикција, иако повеќе ликови се базирани на вистински луѓе. Дополнително, некои од ликовите, репликите и делови од заплетот референцираат кон драми на Шекспир.

Вљубениот шекспир е добитник на повеќе Оскари во 1998 година, вклучувајќи и Оскар за најдобар филм и за најдобра актерка за Гвинет Палтроу (анг. Gwyneth Paltrow). Тој е прва комедија што добила Оскар за најдобар филм по Ени Хол во 1977.



Филмот се занимава со забранетата љубов помеѓу Шексбир и Виола која е благородничка.

За да го подмири својот долг кон бизнисменот Хју Фенимем, шекспировиот патрон Хенслоу му нуди на Фенимен партнерство во најновата продукција на последната шекспирова комедија која се вика Ромео и Етел - ќерката на пиратот. Оваа драма подоцна ќе биде преименувана во Ромео и Јулија.

Писателот Вилијам Шекспир има писателска блокада и бара нова муза. Ја наоѓа во Виола де Лесепс, млада девојка која е инспирирана од неговата работа и вљубена во неговите рими. Иако е забрането од законите и обичаите во 16-тиот век, Виола се облекува како маж и оди на аудиција за улога во неговата нова драма.

(Никулец на мк.Википедија.)

Филмот трае 123 минути.

Американска убавина, 14 и 15 февруари 2008 во 20 ч. [Кинотека]

Американска убавина е комедија/драма од 1999 година кој ги истражува темите на романтична и родителска љубов, слобода, сексуалност, убавина, лично ослободување, егзистенцијализам, потрага по среќа и семејство преку животот во модерните американски предградија. Американска убавина е филмско деби на писателот Алан Бол (анг. Alan Ball) и режисерот Сем Мендез (анг. Sam Mendes), а во него играат Кевин Спејси (анг. Kevin Spacey) и Анет Бенинг (анг. Annette Bening). Сите четворица беа номинирани за оскари, а филмот доби вкупно пет оскари вклучувајќи го и тој за најдобар филм.



Во филмот, Лестер Бурнам, кој го игра Спејси, е 42 годишен маж кој живее во предградие. Неговата жена Керолин, која ја игра Бенинг, е амбициозна агентка за недвижнини. Нивната ќерка Џејн, која ја игра Тора Брч, е типична тинејџерка.

Лестер наоѓа мотивација да се промени себе си откако ќе ја сретне Анџела Хејс (Мена Сувари) - најдобрата другарка и соученичка на Џејн. Анџела е убава, самоуверена и наводно промискуитетна чирлидерка која сака да стане манекенка. Лестер е маѓепсан од неа во моментот кога ќе ја види како игра на училиште, и тој се заљубува во неа. Ваквиот развој на настаните ја засрамува Џејн. Сепак, Анџела мисли дека Лестер е „мил“ и подоцна ѝ кажува на Џејн дека доколку би бил повеќе мускулест, таа би „го ебела“. Лестер ќе ја чуе оваа изјава и ќе започне интензивно да вежба.

Во меѓувреме конзервативниот Полковник Френк Фитс со неговото семејство, жената католик Барбара и интровертниот син Рики, се доселува во куќата до Бурманови. Џејн забележува дека Рики ја снима со камера преку нејзиниот прозорец од спалната соба и тоа потајно ѝ ласка.

(Никулец на мк.Википедија.)

Филмот трае 122 минути.
 
Кинотека. Design by Wpthemedesigner. Converted To Blogger Template By Anshul Tested by Blogger Templates.