Блогот Кинотека е неофицијално огледало на филмската програма на Кинотеката на Македонија и, понекогаш, на некои други филмски настани.

Девојките само сакаат да се забавуваат, 29 и 30 јануари 2008 во 20 ч.

Девојките само сакаат да се забавуваат (1985) е еден од многу филмови со танцување кои преплавија во 1980-тите години, како резултат на успехот на Флешденс (Flashdance) и Footloose.

Во филмот глумат Сара Џесика Паркер и Хелен Хант, а улога, од денес попознатите, има и Шенон Доерти.

Истоимената песна на Синди Лопер не е употребена во овој филм. Наместо неа, има неубедлива преработка на песната испеана од непознатите Дебора Гали, Тами Холбрук и Мередит Маршал.


Приказната е за Џејни Глен (Сара Џесика Паркер) која се доселува во градот и набрзо се среќава со Лин (Хелен Хант), која исто како Џејни е заинтересирана за танцување, а посебно за "Dance TV". Кога ќе биде објавен конкурс за пронаоѓање на пар танцувачи за Dance TV, Џејни и Лин одлучуваат да одат на аудиција. Единствениот проблем е што конзервативниот татко на Џејни не ја одобрува аудицијата.

(Никулец на мк.Википедија.)

Филмот трае 90 минути.

Див живот, 26 и 27 јануари 2008 во 20 ч.

Див живот е филм од 1984 година. Сценарист е Камерун Кроу, а режисер Арт Линсон. Филмот е достапен само на VHS лента и Laserdisc со аналогна музика. Сѐ уште не е издадена DVD верзија поради авторските права на музичарите чии пенси се упоотребени во филмот и се на soundtrack-от.



Заплетот е околу ликовите на тројца тинејџери кои живеат во предградијата на Лос Анџелес. Бил (Ерик Столц) штотуку матурирал и се вселил во својот прв сгтан. Неговиот помлад брат Џим (Илан Мичел-Смит) е дете кое сака да користи бомби за да разнесува работи, посебно статуата во средното училиште. Том (Крис Пен) е прикажан како луд тинејџер. Други важни ликови се Анита (Леа Томпсон) која работи во продавница за крофни и нејзината пријателка Елејн (Џени Рајт) која работи во модерна продавница. Анита има кратка афера со полицаецот Дејвид кој е женет. Тројцата тинејџери имаат луда и забавна вечер во еден стриптиз бар и потоа прават журка во станот на Бил.

(Никулец на мк.Википедија.)

Филмот трае 96 минути.

А, и прилично климав опис. :)

Скршени стакла, 24 и 25 јануари 2008 во 20 ч.

Скршени стакла е британски филм од 1980 година со Хејзел О'Конор, Фил Дениелс и Џонатан Прајс во главните улоги. Филмот е препознатлив и по тоа што во него во помали улоги се појавуваат многу актери кои подоцна ќе станат телевизиски и филмски ѕвезди. Еден од продуцентите на филмот е Доди Ал-Фајед, а режисер и сценарист е Брајан Гибсон. Главниот лик во филмот Кејт, која ја игра Хејзел О'Конор, е именуван според Кејт Буш која во тоа време беше најпопуларната британска пејачка. Во 2002 беше снимено продолжение на филмот со наслов Shattered Glass, но без главната глумица. Филмот сè уште не е официјално објавен.
Филмот ја раскажува приказната за Кејт, гневна, но креативна млада жена, која преку серија на среќни случки станува една од најголемите поп ѕвезди на своето време. Нејзиниот пријател и менаџер Дени (Фил Дениелс) се вози на нејзината слава. За нив сѐ оди добро до оној момент кога Кејт ќе доживее нервен слом предизвикан од насилство на демонстрации. Истовремено Кен (Џонатан Прајс), саксофонистот во групата, станува зависник од интровенозни дроги. Тогаш се појавува доминантниот менаџер Вудс кој го оттрунува Дени на страна и го зазема неговото место како менаџер на групата и љубовник на Кејт.

Филмот трае 104 минути.
(Никулец на мк.Википедија.)
 
Кинотека. Design by Wpthemedesigner. Converted To Blogger Template By Anshul Tested by Blogger Templates.