Блогот Кинотека е неофицијално огледало на филмската програма на Кинотеката на Македонија и, понекогаш, на некои други филмски настани.

Месо и крв, 19 и 20 јануари 2008 во 20 ч.

Месо и крв е филм од 1985 година режиран од Пол Верховен. Филмот е поставен во Европа во 1501 година, а насловот имплицира на „секс и насилство“ што се и главни теми на филмот. Филмот следи група на платеници во нивните битки, грабежи, силувања и забави.

Сценариото е делумно базирано на неискористен материјал од холандската ТВ серија „Флорис“, каде што дебитираа Џерард Зотман, Пол Верховен и Руџер Хауер.

Филмот започнува во 1501 година. Неименуван град во ренесансна Италија е под опсада. Арнолфини, претходниот владетел на градот, најмнува многу платеници за да го вратат на тронот. Неговиот син, Стивен, се обидува да ги отвори градските порти со помош на експлозив, но неговиот експериментален план комично пропаѓа. Градот треба да биде заземен со традиционален напад. За да ги мотивира своите луѓе, Арнолфини им дава 24 часа да зграбат било каков плен што ќе го најдат во градот. Планот успеава и платениците успешно го заземаат градот и ги колат одбрамбените војници.

(Никулец на мк.Википедија.)

Филмот трае 126 минути.

Трејнспотинг, 17 и 18 јануари 2008 во 20 ч.


Трејнспотинг (Trainspotting - Препознавање на возови) е култен филм од 1996 година, номиниран за оскар и награден со BAFTA. Режисер на филмот е Дени Бојл, а филмот е базиран на истоимениот роман на Ирвин Велш. Филмот е за животот на група зависници од хероин од Единбур. Во филмот главните улоги се поделени помеѓу Јуан Мегрегор како Марк Рентон, Јуан Бремнер како Спад, Џони Ли Милер како Скик Бој, Кевин Меккид како Томи, Роберт Карлајл како Бегби и Кели Мекдоналд како Даен. Авторот Ирвин Велш има епизодна улога во филмот како дилерот на дрога Мајки Форестер.

(Никулец на мк.Википедија)

Џони Мнемоник, 15 и 16 јануари 2008 во 20 ч.

Џони Мнемоник (Johnny Mnemonic) е сајберпанк филм од 1995 година, базиран на кратка приказна на Вилијам Гибсон со истото име. Во филмот Киану Ривс го игра насловниот лик - човек чиј кибернетски имплант во мозокот е дизајниран за складирање информации. Филмот го слика стандардниот дистописки поглед на иднината на Гибсон, во која доминираат големите корпорации и каде има силни Источно азиски влијанија.

Режисер е Роберт Лонго, а филмот е сниман на локации во Канада, со Торонто и Монтреал наместо Њуарк, Њу Џерси и Пекинг. Неколку локални споменици се појавуваат во филмот, како на пример: Јунион станицата во Торонто и Жак Картие мостот во Монтреал.

(Никулец на мк.Википедија)

Филмот што ќе биде прикажан во Кинотеката најверојатно е јапонската верзија (таа трае 107 минути, додека онаа за САД трае 96).

За овој блог

Овој блог е неофицијално огледало на информациите кои се појавуваат на форумот на Кинотеката на Р. Македонија и,понекогаш, на некои други филмски настани.

Стартуван е од причина што авторот не можеше лесно да следи што се случува таму (нема rss и сл.), па сега со овој придонес информациите за програмата на Кинотеката се подостапни.

Доколку некој ги познава луѓето одговорни за веб содржините на Кинотеката може да им каже за ова место. Авторот е достапен на (kinotekamk на gmail.com) и е спремен да го отстапи идното уредување на блогот на луѓето од Кинотеката кои инаку ги објавуваат овие информации на Интернет.

Во пишувањето на блогот авторот пишува дел од истите соджини и на мк.Википедија и користи слики од Wikipedia, па затоа содржините на блогот се достапни под GNU FDL.
 
Кинотека. Design by Wpthemedesigner. Converted To Blogger Template By Anshul Tested by Blogger Templates.