Блогот Кинотека е неофицијално огледало на филмската програма на Кинотеката на Македонија и, понекогаш, на некои други филмски настани.

„Години на љубовта“, 19-20.04.2014 (сабота-недела), 20.00 часот

Проекции: 19-20.04.2014 (сабота-недела), 20.00 часот

„Години на љубовта“

Трет дел од серијалот романтични комедии под наслов „Прирачник за љубов“ овојпат засилена со интернационална филмска актерска екипа. Роберто е млад и амбициозен адвокат кој треба да се ожени со Сара. Целиот негов живот е совршено испланиран. За време на една експропријација за која е надлежен, ја среќава Микол, згодна и провокативна млада жена од едно мало село во Тоскана. Но, тогаш работите стануваат покомплицирани... Фабио, познатиот тв-водител кој е совршен сопруг, една вечер ја среќава Елијана која е неговата „фам-фатал“. Адриан е американски историчар на уметност кој се преселил во Рим по неговиот развод. Во новиот „римски“ живот тој се спријателува со Аугусто, консиерж во неговата зграда кој има преубава ќерка Виола која ќе го наруши мирниот живот на Адријан...



(Manuale d’amore)
игран филм, Италија
2011, 125 мин., колор, 35 мм

режија: Џовани Веронези (Giovanni Veronesi);
сценарио: Уго Кити, Џовани Веронези (Ugo Chiti, Giovanni Veronesi);
улоги: Роберт Де Ниро, Моника Белучи, Рикардo Скамарчо (Robert De Niro, Monica Bellucci, Riccardo Scamarcio).

0 comments:

 
Кинотека. Design by Wpthemedesigner. Converted To Blogger Template By Anshul Tested by Blogger Templates.